Албанец во затвор исто како дома – си чувал дрога, оружје, телефони во ќелија


Затвореник од албанска националност ја шокираше австриската јавност со фотографии од својата ќелија на кои се гледа како се расфрла со мобилни телефони, дрога, виски и големи суми на пари.

Албанецот Иљер А. се наоша во вториот по големина затвор во Австрија, каде служи затворска казна заради трговија со наркотици.Screenshot_35

Тој, очигледно со уживање, сака на целиот свет, особено на затворските чувари, да им покаже како ужива зад решетки, со иронија ги коментира овие фотографии австрискиот дневен весник „Хојте.“ На објавената фотографија се гледа и масата на Иљер на која се наоѓаат пакетчиња со дрога, пиштол, мобилни телефони, виски и пари. Тука има и „црти“ од кокаин подготвени за консумација.

Веднаш откако овие фотографии се објавени во јавност, затворските стражари до детал ја претресле неговата ќелија, но ништо не пронашле.

Прес24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1