Уште еден хотел ќе се гради на градскиот плоштад во Скопје. Инвеститор е албанската компанија „Амадеус Девелопмент ДООЕЛ“, којашто го купи земјиштето во 2013 година за околу 1.500.000 евра.
Градот го ослободи инвеститорот од 50 проценти од надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на „Две комерцијални и деловни намени со хотел според ДУП Мал ринг“.
Хотелот во неокласичен стил ќе биде изграден на местото каде што првично требаше да биде изградена црквата „Св. Константин и Елена“ и ќе биде висок шестнаесет метри, односно ќе има три ката и приземје.