Албанска компанија ќе гради хотел на плоштадот во Скопје


Уште еден  хотел ќе се гради на градскиот плоштад во Скопје. Инвеститор е албанската компанија „Амадеус Девелопмент ДООЕЛ“, којашто го купи земјиштето во 2013 година за околу 1.500.000 евра.

hotel-plostad

Градот  го ослободи инвеститорот од 50 проценти од надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на „Две комерцијални и деловни намени со хотел според ДУП Мал ринг“.

Хотелот во неокласичен стил ќе биде изграден на местото каде што првично требаше да биде изградена црквата „Св. Константин и Елена“ и ќе биде висок шестнаесет метри, односно ќе има три ката и приземје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1