Албански сајт во Скопје повикува на борба и создавање голема Албанија


Албанскиот народ кој е под колонијална окупација во ПЈРМ мора да ја преземе судбината во свои раце и да не ја трпи веќе потчинетоста на „тиранијата на словенско-македонската влада“. – ова стои на албанскиот сајт ИНА, пренесува Мкд.Мк

Повикот е објавен пред пет дена на сајтот Iliria News Agency, автор на текстот е Валбона Вардари. Во текстот пишува дека албанскиот народ живее  во бескрајна мизерија  под колонијалната окупација на ПЈРМ, дека е изневерен од политичката елита и затоа мора да ја земе судбината во свои раце и да не ја трпи ваквата потчинетост на „тиранијата од словенско-македонската влада“.

„Непослушност и отпор кон оваа колонијалистичка, терористичка и антиалбанска држава е од витално значење за остварување на слободата, за создавање на единствена национална држава, етничка Албанија“, напишала Вардари, пренесува МКД.МК

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1