Тато ме бранеше – сведочењето на 10 год ќерка на Трифуновски


 

Наодите на психијатрите утврдиле дека ќерката на полицаецот Трифуновски детално го раскажувала настанот без да фантазира, а таткото, кога пукал, постапил импулсивно со зголемен афектен страв.


Во судницата во присуство на вешти лица психијатри, форензичари и патолози, се одржа рочиштето на кое на полицаецот Трифуновски му се суди за убиството на двете момчиња на паркингот во Гостивар, пренесува Нова Македонија.

Иако адвокатот на оштетените инсистираше девојчето да биде донесено во судница, сепак судот не прифати непосредно сослушување поради безбедносни причини. Се читаше исказот на ќерката на Трифуновски, крунскиот сведок во постапката. Бидејќи е малолетна, изјавата им беше прочитана само на странките во постапката, пренесува Нова Македонија.

според извештајот од психијатриската болница девојчето е на 10-годишна возраст, со исклучително големи интелектуални способности. Кога разговарало со стручните лица од клиниката, девојчето во почетокот било вознемирено, но потоа се опуштило и детално раскажувало за настанот. Раскажала дека непознатите се нафрлиле да го тепаат татко ѝ и како тој ја бранел. Вештаците утврдиле дека девојчето паметело многу детали и кога раскажувало не фантазирало ниту измислувало, што е можно да се случи на дете на нејзина возраст, особено по таков настан.

Лекарите утврдиле дека во моментот кога нападнал полицаецот бил пресметлив, но дејствувал со зголемен афектен страв. Неговото однесување лекарите го окарактеризирале како импулсивно.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1