Вработен во Владата неодамна сакал да подигне кредит од банка, ги зел потребните документи и формулари од банката, замолил во архивата на Владата да му бидат заверени и се соочил со проблем.
Документите од банката биле напишани на македонски јазик, а во архивата на Владата му побарале тоа што треба да го завери да биде напишано – двојазично, пишува Дневник.
Од владината соба 507, каде што се наоѓа архивата, инсистирале на двојазичност, дури и кога станува збор за барања за кредит од банка.
тие целиот формулар на човекот му го превеле на албански, а потоа од банката не му го примиле. ,, им кажав во архивата дека банката нема да го прими, а тие пак ми кажаа дека државниот секретар не потпишува документи што се само на македонски јазик – вели владиниот службеник, кој инсистирал на анонимност но името и е познато на редакцијата на Дневник
Ељуб Аљими, државен секретар во Владата, вели дека е должен да одговори на јазикот на кој ќе му се обратат, сеедно дали е во прашање албански или македонски.
– Не е важно каков документ бараат вработените, дали е тоа молба или барање. Ако тоа е напишано на албански јазик, јас на тој јазик ќе вратам. Албанскиот е службен јазик. Ако банката во која вработениот барал кредит не му ги признава документите и на албански јазик, тој има право да ја тужи. Според Kривичниот законик, следува и затворска казна. Албанскиот е службен јазик и тој што тоа не го почитува може да одговара – вели Аљими.
Но, според Уставот и Законот за употребата на јазиците, службен јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо. Друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, исто така, е службен јазик, но не во фирми и во банки и само таму каде се 20 отсто службен јазик, покрај македонскиот и неговото кирилско писмо е и јазикот на тоа малцинство – стои во Уставот.
Извор – Дневник