Итните пацинети ќе се лечат и во приватните клиники со плави картони


Klinicki centar ulicaОваа одлука ја донела владата со цел да им се помогне на пациентите. Доколку итни пациенти бидат вратени од Клиничкиот центар, пациентите можат да одат на приватна клиника со сини картони, и тоа на товар на Фондот.


Постапката за прием на пациент во приватните клиники ќе биде иста како и во клиничкиот центар со книшка и сини картони.

„Пациентите ќе бидат на товар на фондот. Цената на услугите ќе биде иста како и во клиничкиот центар“, изјави Александар Ѓеорѓиев, портпарол на Влада на Република Македонија.

Одлуката стапува на сила откако ќе се создадат услови за тоа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1