Испитувања кои морате да ги направите


Сигурно ја знаете изреката подобро да се спречи отколку да се лечи. Навремената проверка може да ви помогне да ги спречите болестите како рак, дијабет и остеопороза уште во самиот зачеток кога се и полесни за лекување.

Скрининг тестовите можат да ги детектираат болестите уште пред да ги почувствувате симптомите. Кои тестови треба да ги направите зависи од Вашата возраст, фамилијарната историја, Вашата здравствена историја и други ризик фактори.

mamografiaКарцином на дојка

Колку порано го откриете овој тип на рак, толку поголеми се шансите да се излекувате. Малите тумори имаат помала шанса да се прошират во лимфните јазли и виталните органи како белите дробови и мозокот. Ако сте во вашите 20ти или 30ти Вашиот доктор треба да изврши преглед на градите како дел од редовниот систематски преглед на секои 2-3 години. Може да ви бидат потребни и екстра прегледи ако имате екстра ризик фактори.

Скрининг со мамографија

Мамаграмите се X-зраци со ниско ниво на радијација кои можат да детектираат рак пред вие да го почувствувате, иако нормалниот наод на мамограмот не ја исклучува можноста за карцином. Ако сте ја поминале 40та година, треба да правите мамограм барем еднаш годишно а после 50та барем еднаш на две години.

Рак на грлото на матката

Со регуларни ПАП тестови, цервикалниот рак е лесен за превенирање. ПАП тестот ги пронаоѓа абнормалните клетки на цервиксот кои можат да се отстранат пред да предизвикаат рак. Главниот предизвикувач на цервикален рак е хуманиот папилома вирус.

За време на ПАП тестот докторот зема примерок од клетките на цервиксот и ги праќа во лабараторија за анализа. Главни препораки за тоа кога да се направи првиот ПАП тест се 21 година и потоа на секои две години. Ако имате над 30 години можете да направите и HPV тест.

Вакцини за рак на грлото на матката

Две вакцини, Gardasil и Cervarix ја штитат жената под 26 години од неколку типа на HPV вирусот. Вакцините не штитат од сите типови на HPV. Но, рутинските ПАП тестови се сеуште важни бидејќи некои карциноми и не се предизвикани од HPV.

Остеопороза и фрактура на коски

Остеопорозата е состојба кога кога коските на една личност се слаби и кршливи. По менопаузата, жените почнуваат да ја губат коскената маса. Првиот симптом е болна скршеница и после мал пад. За среќа, можете да ја превенирате и лекувате остеопорозата.

slike-svet-6-testiranje_na_hiv_748272236Скрининг тест за остеопороза

Специјален тип на снимање со X-зраци нареченo абсорптиометрија може да ја измери силината на коските и да ја открие остеопорозата пред да се случи скршеница. Исто така, може да го предвиди и ризикот од идни скршеници. Овој скрининг е препорачан за жени на 65 годишна возраст. Ако имате ризик фактори за остеопороза, можете да почнете и порано со скринингот.

Висок крвен притисок

Како што стареете, Вашиот ризик од висок крвен притисок се зголемува, особено ако имате прекумерна телесна тежина или одредени лоши здравствени навики. Високиот крвен притисок може да предизвика срцев или мозочен удар без никакво предупредување. Затоа, консултацијата со Вашиот доктор може да ви го спаси животот.

Нормален крвен притисок изнесува 120/80. Висок крвен притисок е оној притисок кој е над 140/90. Консултирајте се со докторот колку често треба да го мерите крвниот притисок.

Ниво на холестерол

Високото ниво на холестерол може да предизвика појава на плаки кои можат да ја затнат артеријата. Тие можат да се создаваат неколку години без да дадат некакви симптоми. Високиот крвен притисок, диабетесот и пушењето овозможуваат плаките или тромбите да се зголемуваат. Промените во животниот стил и лекарствата можат да го намалат овој ризик.

Проверка на холестеролот

За да го измерите нивото на холестерол треба да не сте јадени минимум 12 часа. Потоа треба да ви земат примерок од крвта за да се измери нивото на LDL или “лош холестерол” и нивото на HDL или “добар холестерол” како и на триглицеридите. Ако сте постари од 20 години, овој тест треба да го правите еднаш на 5 години.

Дијабетес тип 2

Една третина од луѓето со дијабет не знаат дека го имаат. Дијабетесот може да предизвика проблеми со срцето и бубрезите, удар, слепило од оштетувањето на крвните садови на ретината и други сериозни проблеми. Можете да го контролирате дијабетесот преку исхраната, вежбите, килограмите и лековите.

Скрининг за дијабетес

Не треба да јадете минимум 8 часа пред да ве тестираат за дијабетес преку мерење на нивото на шеќер во крвта. Друг тест за дијабетес е А1C тестот и тестот на толеранција на глукоза. Ако сте здрави и ризикот од дијабетес е нормален треба да правите скрининг тест на секои три години после 45та година.

Колоректален карцином

Колоректалниот карцином е втор по честота како причина за смрт од рак, после ракот на белите дробови. Повеќето карциноми на дебелото црево се јавуваат во вид на полипи кои растат во внатрешната страна на цревото. Овие полипи можат но и не мораат да бидат канцерогени. Ако се, ракот може да се прошири и кон другите делови на телото. Раното отстранување на полипите пред да станат канцерогени може да го превенира карциномот.

Скрининг тестови

Колоноскопијата е стандарден скрининг тест за колоректален карцином. Тестот се изведува под блага седација и докторот инсертира мал и флексибилен инструмент со камера во вашето дебело црево. Ако се пронајде полип може и да се отстрани веднаш. Друг тип на тест е флексибилната сигмоидоскопија со која се врши предглед на дисталниот дел од дебелото црево. Скринингот за оваа болест треба да почне после 50та година.

Заклучок

Добрата здравствена свет наложува да зборувате со Вашиот доктор за сите скрининг тестови. Некои тестови, како што е ПАП тестот или прегледот на дојката, треба да бидат рутински дел од здравствената нега на секоја жена. Другите тестови можат да бидат неопходни врз основа на вашите ризик фактори. Соодветното тестирање нема секогаш да ја превенира болеста, но често може да ја детектира болеста доволно рано за да имате најдобри шанси да ја победите.

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1