Албанци си ги напуштаат своите деца за да можат да добијат азил


Поради затегнатите услови за добивање азил во западноевропските земји, се чини Албанците изнajдоа нова метода, со која, ваков статус се обидуваат да добијат нивните деца.

Имено тие ги напуштаат сопствените деца, свесни дека нив нема да ги протераат, со цел тие да остварат правото на азил. Само во Франција за два месеца во август и септември, од сопствените родители напуштени се повеќе од 20 деца.231825

Властите во Тирана алармираа за оваа појава, а полицијата потврди дека против еден од родителите, Сазан Хабибај, поднела кривична пријава, бидејќи го напуштил тринаесетгодишниот син во Франција.

Загриженост поради се почестата појава албански деца да се оставаат во Франција неодамна искажа и амбасадорката на оваа земја во Тирана, Кристин Моро.

– Констатиравме раст на присуство на малолетници во нашата земја, кои од сопствените семејства се оставаат во Франција. Престојот на малолетниците во Франција, кои ние ги сметаме за напуштени деца е една многу чувствутелна појава. Сметаме дека местото на децата е кај нивните семејства а не во центрите за азил, изјави Моро.

Стотици семејства од Албанија, според домашните медиуми, во изминатите месеци се обиделе да добијат азил во Франција, но поголем процент од нив се вратени назад.

Maxim.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1