Алберт Ајнштајн: Најголем научник – плагијатор кој ја упропастил физиката!


Како Ајнштајн ја уништил физиката? Дали Алберт Ајнштајн бил најпаметниот човек и најголемиот научник кој некогаш постоел?

Милиони луѓе веруваат дека бил еден од најпаметните научници на сите времиња. Но, Роџер Шхлалу има сосема поинакво размислување, кое во значителна мера го намалува значењето на најпознатиот научник на 20 век.

Зошто?
Роџер открил уверливи докази дека и други водечки физичари и математичари и пред времето на Ајнштајн направиле подеднакво важни напредоци како во теоријата на релативноста така и на други полиња поврзани на оваа тема.

Тој сугерира дека Ајнштајн им ја украл идејата на другите научници, па на тој начин неговите теории станале најголемите на сите времиња.

Дали Ајнштајн бил навистина толку голем научник?

Ова е официјалната приказна:
Алберт Ајнштајн како млад службеник во швајцарска канцеларија за патенти со еден потег целосно ја преобратил физиката, од статична тродимензионална наука, во четвртодимензионална наука со брилијантен „мисловен експримент“ кои ги вклучува гравитацијата, движењето, просторот и времето. Ајнштајн исто така направил невиден потфат што ги вклучува разбирањето на природата на светлината и енергијата и тој бил првиот човек кој ја разбрал еквиваленцијата помеѓу енергијата и масата. Ајнштајновите откритија, не само што ја трансформираа модерната физика, туку го обликуваа начинот на кој што ние денеска го сваќаме универзумот.

Роџер целосно не се согласува со ваквата констатација.
„Се е тоа мит. Ајнштајн не ја измислил теоријата на релативитет, поточно не ги измислил ниту поголемиот дел од работите кои му се припишуваат на негова сметка“, вели Роџер.
Тој со ваквите ставови направил доста храбар, уверлив и издржлив случај.
Роџер своите импресивни колични на податоци на споменатата тематика ги има заокружено благодарение на докторатот на полето на електрично инжинерство, во Принсотн и докторатот по математика на Универзитетот во Калифорнија – Беркели


Тој предавал на Универзитетите во Чикаго и Калифорнија во Сан Круз, каде што живее до ден денес.

Роџер без проблеми може да расправа за теоријата на релевантност, квантната физика, квантната теорија и тоа со најдобрите научници во овие подрачја. Во состојба е да анализира вектори, стринг теоријии (кои ги презира), симетријата (која го привлекува) и уште голем број на други насоки. Тој дури и по малку наликувал на Ајнштајн, иако, најверојатно според зборовите на неговите пријатели, ваквото споредување го прима како крајно неинтелегентно.

Тој ги ревидира импресивните дела, (иако заборавени), на математичари и физичари кои допринеле уште во времето пред да делува Ајнштајн.

Кратката но, феноменална листа на имиња која ја споменал, ги вклучува францускиот математичар и добитник на Нобелова награда – Хенрик Поенкареов (кој британскиот филозоф Бертхард Расел, го нарекол најголемиот човек кој што Франција можела да го добие). Потоа пионерот на холандската физика, исто така добитник на Нобеловата награда – Хенрик А. Лорентз и шкотскиот физичар и математичар Џејмс Клерк Маквел.
Според Роџер, Маквел е првиот кој што ја открил релативноста и бил првиот кој ја објаснил теоријата за релативитетот поврзувајќи ги масата и енергијата. Маквел напишал научен труд во два тома во 1873 година со наслов „Treatise on Electricity and Electro-Magnetism“ кое по мислењето на Роџер претставува „најважната формула во историјата на науките“.

Роџер тврди – Расправата за релативноста ја создала теоремата која била математички идентична на Ајнштајновата, а поголемиот дел од ваквото негово дело е направено пред Ајнштајн. Лоренз и Поинкаре ги напрвиле најважните аспекти за теоријата на релативноста и сите поврзаности на оваа тема далеку пред на сцена да стапи Ајнштајн.
Па сепак овие значајни луѓе од светот на науката воглавно се заборавени, додека репутацијата на Ајнштајн досегнала до демагошки статус.

Зошто е тоа така?
E = MC ²
Младиот Ајнштајн не само што живеел во време кога науката ја имала својата експлозивност, туку и швајцарската канцеларија за патенти го вработила како физичар со што полесно му ги одобрувала патентите на ова поле, со што директно му дала можност прв да фрли поглед на новите научни достигнувања. Во исто време Ајнштајн станува свесен за важноста на интелектуалниот труд и авторските права.

Познатата формула на Ајнштајн E = MC ² е на пример објавена од страна на Олин де Прет во непознат италијански весник и тоа две години пред Ајнштајн да ја прогласи за свој изум. Напротив Ајнштајн тврдел дека комплетната теорија е плод на неговата самостојна работа и дека без ничија помош дошол до истата. Но, Роџер покажува дека Поинкер ја публикувал теоријата на релативност пред самиот Ајнштајн.

Роџер тврди дека Ајнштајн ги „позајмил“ голем дел од идеите од други научници, а кои ги прогласил за свои сопствени, вклучувајќи го и постулатот дека брзината на светлината е константна, како и специјалната релативност, идејата дека енергијата и масата се разменливи (E = MC ²) .

Ајнштајновото разбирање за специјалната релативност е инфериорно од она на Поинкар. Секој есенцијален дел од специјалната теорија на релативитет, Поинкар подобро и успешно го има објаснето, и покрај тоа што Ајнштајн ги имал истите идеи, Поинкар ги објавил порано од Ајнштајн.

Според сознанијата на Роџер, откритието за специјалната теорија за релативност во јавноста излегла пред објавувањето на истата од страна на Ајнштајн. Ваквите докази ги има во голем број.

Тоа докажува и зошто Ајнштајн не ја добил Нобеловата награда за трудот за релативноста, поточно тој не ја измислил релативноста, ниту пак бил првата личност која што имала сознанија за самата релативност.

Х.А. Лорентц во 1902 година ја добил Нобеловата награда поради работата на теоријата на релативност, а тоа се случило три години пред Ајнштајн да го објави својот научен труд на истата тема. Дури во 1921 година Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за допринесот за разбирањето на фотоелектричниот ефект.

Без оглед на доказите, Ајнштајновите пет трудови кои се објавени во 1905 година, се сметаат за револуционерни. Но, прашањето и понатаму останува: Дали ваквите идеи се исклучиво негови? Роџер тврди дека не се и за тоа повторно додава бројни наводи. Тој и понатаму тврди дека Ајнштајн константно ги позајмувал идеите на други научници, без притоа да им оддаде признание за тоа.


Роџер покажува дека концептот за движењето и времето како „четврти димензии“ му претходеле на Ајнштајн речиси за цела една деценија. Х.Г.

Велс шпекулирал за овој концепт во новелата „The Time Machine“ која излегла во 1894 година. Поинкар напишал два научни трудови, еден во 1898 година и уште еден во 1900 година во кој го истражува односот меѓу движењето и времето.

Роџер цитира и делови од книгата издадена во 2005 година под наслов „Henri Poincare and Relativity Theory“ – „Хенри Поинкар и теоријата на релативност“ кој ја напишал рускиот физичар АА Логунов, во која Логунов се жали на Ајншајновите следбеници кои упорно го преценувале додека во целост ги игнорирале заслугите на Поинкар.

На нас ни е познато од публикациите на писмата на Ајнштајн како тој одбива да ги признае заслугите и на неговата прва жена која му помогнала во создавањето на специјалната теорија на релативноста. Така одбил да признае за заслугите на сите други од кои ги позајмувал идеите. Неговата прва жена физичарката Марија Мариќ, соработувала со Ајнштајн на истражувањето за релативитетот.


Ајнштајн ги користел и медиумите и весниците како би се промовирал себе си и тој тоа го користел многу повеќе него на пример еден научник од сегашноста. До крајот на животот Ајнштајн продолжил да ги игнорира оригиналните извори на своите трудови како и сите луѓе кои допринеле за неговите истражувања.

И покрј тоа што добил Нобелова награда, Ајнштајн сите пари кои ги добил од Нобеловата фондација ги предал на неговата поранешна жена Марија Мариќ, но постојат индиции дека тоа го направил само за да се разведе од неа.

Роџер тврди дека Ајнштајн е плагијатор и смета дека неговиот научен труд објавен во 1905 година, е до толку преценет што не може да се спореди со ниту еден друг случај.
„Ниту еден друг научен труд не бил толку фален, а тој е целосно неоргинален. Ајнштајн дефинитивно заслужува научни пофалби, но воглавно поради рафинирање на туѓи научни идеи“, смета Роџер.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1