Александар Пандов претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го именуваше Александар Пандов за претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ кој се воведува согласно новиот демократски статут на партијата.

Пандов, кој е долгогодишен член на партијата досега бил вршител на повеќе партиски функции.

НА Синоќешната седница на извршниот комитет на партијата, била донесена одлука за именување и потврдување на мандатите на нови 14 претседатели на општински комитети а беа именувани и нови членови на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ви ветувам на сите членови и симпатизери, како и на секој Македонец и граѓанин на Република Македонија кој си ја сака татковината и му е преку глава од сите национални, но и секакви други понижувања и неправди низ кои минуваме минативе три години, дека ќе се вложам целосно и сето мое време, знаење и енергија ќе биде насочено кон единствената цел, соборување на Заев и неговата хунта. И не само тоа, ќе дадам се од себе во наредниот период Патриотскиот институт да го изградам во главен столб на ВМРО, да биде негова преторијанска гарда и перјаница, главна ударна тупаница и прва линија на одбрана на партијата и Македонија!
Низ многу тежок и лош период поминуваат Македонија и ВМРО, но па кога им било лесно? Та нели на мака се познаваат јунаците“, стои во објавата на Пандов.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1