Легендарниот актер Ален Делон во неделата итно бил префрлен во париска болница и опериран.
78-годишниот Делон повикал брза помош поради силни болки во грбот. Во болницата бил опериран на одделението за неврохирургија.
Минатата година Делон откажал една театарска претстава поради срцева аритмија.
Роден е на 8 ноември 1935 година. Во текот на пет децении кариера играл во стотина филмови меѓу кои и ремек-делата “Роко и неговите браќа” од Висконти, “Еклипса” од Антониони.