Се венчале, добиле дете па дознале дека се брат и сестра – нема да се разведат


Адријана и Леандро од Бразил, кои не сакаа да го откријат своето презиме, целиот живот се обидувале да ги пронајдат своите мајки. И неговата и нејзината мајка се викале Марија, толку знаеле, а двајцата биле оставени како многу мали.

Но, во ниту еден момент не помислиле дека можеби имаат иста мајка. Адријана мајката ја оставила кога имала само една година и нејзе ја одгледал таткото.

brat i sestraЛеандро мајка му го оставила кога имал осум години и дури подоцна дознал дека жената која го одгледувала е всушност негова маќеа.

Леандро останал во градот во кој е роден, Сао Пауло, а Адријана се отселила да работи како куќна помошничка и била во брак 15 години и има три деца.

Тие двајца се запознале пред 10 години, кога завршил бракот на Адријана и кога се вратила во родниот град. Не им требало долго за да се заљубат еден во друг и да почнат да живеат заедно.

Адријана сите овие години не се откажувала од барањето на мајката, и минатиот месец се обратила на радиостаницата во градот и побарала помош. Оваа недела таа конечно се сретнала со мајка си.

Но, на крајот на интервјуто во емисијата „The Time is Now“, во која се наоѓаат одамна изгубени роднини, нејзината мајка открила дека има и син кој не ја знае, а се вика Леандро.

Кога станало јасно дека тоа е истиот оној Леандро за кој се омажила Адријана, плачејќи прокоментирала „не можам да верувам дека тоа ми го велиш. Леандро е мојот маж. Сега се плашам да одам дома за Леандро да не ми каже дека веќе не ме сака. Премногу го сакам“.

Адријана и Леандро вчера изјавија дека сепак ќе останат заедно, без разлика на тоа што се брат и сестра.

– Само смртта ќе нè раздели. Сето ова ни се случи бидејќи Бог сакаше така да биде. Секако дека би било поинаку да го знаевме ова порано, но не знаевме и се засакавме. Мислевме дека е интересно што нашите мајки се викаат исто, но тоа е толку често име што не ни помисливме дека тоа е истата личност. Во почетокот бевме многу погодени од сето ова, но потоа имавме семеен состанок на кој на сите им кажавме дека ќе останеме во брак без разлика на тоа што мислат другите. Толку многу испланиравме заедно и ништо нема да нè скрши – вели Адријана.

Двајцата велат дека не ја криват мајката која ги оставила и дека се слушнале со неа неколкупати и дека наскоро треба да им дојде во посета.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1