Ален Делон итно опериран


Легендарниот актер Ален Делон во неделата итно бил префрлен во париска болница и опериран.

alen delon78-годишниот Делон повикал брза помош поради силни болки во грбот. Во болницата бил опериран на одделението за неврохирургија.

Минатата година Делон откажал една театарска претстава поради срцева аритмија.

Роден е на 8 ноември 1935 година. Во текот на пет децении кариера играл во стотина филмови меѓу кои и ремек-делата “Роко и неговите браќа” од Висконти, “Еклипса” од Антониони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1