На синоќешните економски вести на ТВ Алфа, во 22 часот, влета порно-сцена, објави порталот Пресс24. Додека презентерот чита за Катарците кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија, обрнете внимание на горниот десен дел од екранот.
Одговорниот на тв Алфа, Костадин Делимитов, во изјава за Либертас потврди дека утрово ја прегледале снимката и утврдиле дека вчера додека траеле вестите на екранот од друга тв станица, кој е дел од сценографијата, одела снимка од порно филм.
– Тоа е тоа, ни се случи кикс – вели одговорниот на тв Алфа.