Патнички авион се урна во Казахстан


Сите 21 патници и членови на екипажот загинаа денеска при уривање на патнички авион од типот „Челинџер 200“ во близина на поранешниот главен град на Казахстан, Алмати. Во авионот на казахстанската авиокомпанијата СКАТ имало 16 патници и петмина членови на екипажот.

avion2Авионот летал на линија од северноказхстанскиот град Кокшетау кон Алмати и се урнал при вториот обид за слетување на алматскиот аеродром. Казахстанските медиуми јавија дека најверојатна причина за уривањето на авионот е густата магла во реонот на Алмати. Во врска со овој инцидент, руското Главно транспортно обвинителство подготвува кривична пријава поради непочитување на нормите за безбедност во воздушниот сообраќај.

Ова е втора авионска несреќа во Казхстан за еден месец, откако на 25 декември во близина на градот Шимкент на југот од земјата се урна воен транспортен авион, при што загинаа сите 27 патници и членови на екипажот.

mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1