„Алфите“ пронашле униформи со амблем на УЧК


Припадниците на Единицата за борба против криминалот “Алфа“ во текот мај годинава при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 801 лица, извршен е преглед на вкупно 66 патнички возила, а по разни основи вкупно приведени се 346 лица, соопшти полицијата.

policija alfi

По основ на телеграма приведени се 51 лица, по основ на Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 29 лица,  под сомнение за извршено кривично дело – 70, по извршено кривично дело – 24 лица, на лице место во вршење на кривично дело – 10 лица, за издржување на казна затвор – петмина, за утврдување на идентитет – едно лице, странски државјани со нерегулиран престој – 10 лица и за држење недозволени предмети – шест лица.

Од приведените деветмина учествувале во тепачки, четворица се сомничат за физички напад, едно лице омаловажило полицаец, 30 лица го нарушиле јавниот ред и мир, а деветмина нападнале полицајци.

Со оружје „алфите“ фатиле 3 лица, додека поради поседување опојни дроги приведени се 57 лица.

Меѓу другитр, три лица се приведени поради управување на моторцикл без документи, а при преглед на патнички возила приведени се 24 лица.

„Алфите“ исто така при вршење претрес пронашле моторцикл што потекнува од извршено кривично дело; ланче и златен привезок што потекнуваат од извршено кривично дело; Пиштол марка Бровинг  кал.7,65 со четири куршуми; два пиштола марка Глок и марка Џерико; пиштол Ц.Застава кал.7,65 со рамка со 7 куршуми и две маскирни униформи со амблеми УЧК; како и 100 парчиња муниција од различен калибар.

web counter
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1