Најавените хрватски пеачи Дадо Топиќ, Алка Вуица и српскиот пеач Марко Кон нема да пеат вечерва на „Охрид фест 2012′.
Тие надводно не го откажаа своето учество, туку ќе дојделе догодина, се пошегува организаторот, откако тие откажаа на неколку часа пред вечерашната Интернационална вечер.
Но, најинтересно е оправданието за недоаѓањето на хрватската пеачка Алка Вуица- нејзината менаџерка се вљубила, па затоа не можеле да патуват. Штом е за убаво, нека е простено.
Фестивалот вечерва почнува во 20.30, се пренесува на МТВ САТ1, водители ќе бидат Лила Филиповска и Дамјан Дренковски, а режисер Тихомир Бачовски. Ќе се изведат 21 песна, ќе се доделат многу награди, а награда за животно дело ќе има за легендата Зафир Хаџиманов. Тој нема да дојде, правел операција на очи, а директорот Григор Копров жали затоа што Зафир и Сенка требаше да ја испеат неговата песната „Љуби ме и главата горе“, а Сенка прифатила со цело срце.