Ало докторе – Ќе добиваме помош и лекарски совет преку телефон


Во претстојниот период до 2015 година, во рамки на предвидениот буџет ќе воведеме телефонска линија за медицински совети – проектот го нарекуваме – АЛО ДОКТОРЕОвој проект го предвидовме како повикувачки центар кој ќе пружа советодавни услуги и упатства за сите граѓани на Македонија, за кои не е неопходен итен медицински третман, односно во случаи на настинки, покачена телесна температура, главоболки, и слично, изјави министерот за здравство Тодоров.

lekar telefonВаков тип на проекти се спроведуваат во неколку развиени здравствени системи и ефектот од овој тип на проект е многу позитивен за здравствениот систем затоа што ги намалува бројот на посети во болниците од страна на пациенти кои што можат да бидат третирани и преку совет даден од искусен лекар.

Идејата е да се вработат најмалку 10 доктори и 10 медицински сестри кои што ќе работат 24 часа дневно, седум дена во неделата и ќе даваат здравствени совети и преку телефон на оние пациенти на кои што тоа им е потребно.

Предноста е што сервисот ќе биде достапен 24 часа.

Со овој проект пациентите во првиот момент на појава на здравствена потешкотија, веднаш ќе моѓе да добијат стручен медицински совет, а без притоа да треба да посетат некоја здравствена установа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1