Ало, полиција, има гол маж на мојата тераса – скопјанка извадена од памет


Повиците за полициска помош на бесплатните телефонски броеви понекогаш успеваат и до солзи да ги насмеат полицајците. Некои од нив ги пренесува Нова Македонија

Било околу три часот изутрина кога жена на терасата од својот стан на третиот кат во една зграда во скопски Аеродром здогледала маж без облека, како од мајка роден. И мажот ја видел жената што била внатре, па почнал да и тропа на стаклото од балконската врата за да му отвори. Жената испаничена, мислејќи дека е крадец, манијак или некој криминалец, наместо да му отвори, ја кренала телефонската слушалка и свртела на линијата 192.gol

Откако ја добиле пријавата, вработените во полициската станица во Аеродром веднаш се упатиле на местото на настанот и навистина сликата што ја затекнале била таа: на терасата имало маж без облека. Како што раскажуваат полицајците, на човекот му била дадена престилка да се покрие и почнале разговор за тоа како стигнал на балконот на третиот кат од зградата.

Набрзо се дознало дека мажот ѝ бил љубовник на сосетката на жената што пријавила во полицијата. До непријатната ситуација дошло поради тоа што сопругот на сосетката неочекувано дошол дома, а „љубовџијата“ немајќи време, истрчал на балконот, а оттаму се прекачил на соседниот.

Во вториот случај во скопската општина Карпош скопјанец пријавил дека неговото возило било украдено од пред аптека во трговскиот центар „Лептокарија“ додека тој пазарел во неа, а за „несреќата“ да биде уште поголема во автомобилот било и неговото двегодишно дете.

Меѓутоа, на пат кон местото на настанот, полицајците го забележале автомобилот, кој неколку минути претходно бил пријавен за украден, паркиран до градинката во близината на аптека, а задната врата била отворена. Веднаш до него, покрај оградата на градинката, стоело мало детенце. За среќа, како што велат, детето не било повредено, а граѓаните што се нашле во близина и го забележале детето внимавале да не излезе на улица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1