Формирањето на Комисијата за помирување која беше најавено за денеска е одложено за во среда. Собранискиот спикер Талат Џафери е во официјална посета на Чешка. Бидејќи утре е неработен ден, собраниски извори најавија дека формирањето на оваа комисијата може да се очекува во среда.
Засега не се откриваат детали за процесот. Нејасно е кој сè ќе партиципира во телото, со оглед на негативниот став на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе биде конкретната задача и какви заклучоци, одлуки или предлози може да произлезат од неговата работа.
Најверојатно прашањето ќе биде разгледано во среда на кординацијата која Џафери ќе ја има со кординаторите на пратеничките групи. Барањата на 8 те пратеници кои од опозицијата ги подржаа уставните исмени се барања и на парламентарното мнозинство порача денеска од собраниската прес сала Александар Кирацовски од СДСМ. Сепак вели помирувањето може да се однесува на 27 април и пошироко но не се однесува и на процедурата по која Џафери беше избран за претседател на законодавниот дом а и самото помирување не значи амнестија за оние што сториле кривични дела.
Беса денеска и официјално информираа дека во насока на поддршка на уставните измени ќе поднесат и свои амадмани во однос на албанскиот јазик кој бараат да биде службен и да не се користи како таков само во местата каде што има 20 % албанско население.
Рокот за доставување на амадманите е 15 дена а од партламентарното мнозинство очекуваат дека до петок тие ќе бидат доставени до собрание и ќе бидат пуштени на разгледување во собраниските комисии односно уставната и законодавно правната.