Амбасадорот раскажува: Киднапирањето било како на филм – во автомобилот му биле и синовите, 14 и 6 години


Во Либија денес во нападот на колоната на возила, киднапирани се двајца службеници на амбасадата на Србија и ранет е либијски државјанин кој бил во придружбата, потврдил за Танјуг српскиот амбасадор во Триполи Оливер Потежица, кој исто така се наоѓал во колоната.oliver-potezica-preview

-„Денеска околу 14.15 по либијско време, на излез од градот Сабрата дојде до напад на колоната од три автомобили, во која беа две коли на амбасадата на Србија и една во која беше либијски државјанин кој ја следеше колоната токму за поголема безбедност“-рекол Потежица.

Амбасадорот се наоѓал во првото возило заедно со сопругата и синовите од 14 и 6 години, додека во другата биле возачот на амбасадата Јовица Степиќ и службеничка за врски Слаѓана Станковиќ, кои се киднапирани.

-До нападот дојде така што напаѓачите прво исценираа судар, односно удрија отпозади во кола на амбасадата и кога возачот се обиде да излезе и да види што се случило тие буквално го извлекоа од автомобилот. Во нападот учествуваа најмалку две возила“-раскажува Потежица.

Пред негови очи, напаѓачите потоа љубезно ја замолиле да излезе Слаѓана и да влезе во нивото возило и потоа исчезнале.

Напаѓачите носеле црни фантомки и при бегството испукале неколку куршуми кон Потежиза и либиецот кој бил со нив, а притоа го погодиле во ногата.

-„Беше како на филм“-вели амбасадорот.

Веднаш пристигнале припадници на либијската безбедност, а ранетиот Либиец бил превезен во болница и е вон животна опасност.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1