Пратеникот на Сојуз на Ромите, дојде пред собраните поддржувачи на опозицијата на кои им покажа „среден прст“ и упати навредливи зборови, а потоа отиде на другата страна, кај поддржувачите на власта и штрајкувачите против опозицијата кои во пречекаа со воодушевување и аплаузи.
Изреволтирани демонстрантите подржувачи на опозицијата со јаболки и со камења,почнале да фрлаат кон пратеникот Амди Бајрам кога тој се обиде да пристапи кон Собранието.
За среќа тој успеа да ги зибегне нападите и неповреден да влезе во Парламентот.
Пред Собранието се уште е многу тензично. Разни предмети се фрлаат во воздух, петради, извици и повици за насилство, а се повеќе граѓани доаѓаат и се приклучуваат – едните на едната, другите на другата група.