Амди Бајрам Јуниор и невестата Везира Агушева на вториот ден од нивната свадба славјето го продолжија во спортскиот центар Борис Трајковски каде со околу 2000 гости се веселеа со традиционална ромска музика и ѕвездите од српската естрада меѓу кои Кеба и Верица Шерифовиќ.
Младоженците чекореа по црвен килим минувајќи под срциња од балони каде според традицијата, невестата изведе бавен танц.
Веселбата на вториот ден од неколкудневната ромска свадба започна попладнево со традиционалната ромска игранка на која имаше околу пет илјади илјади луѓе во спортската сала во Шуто Оризари, а продолжи со ноќната веселба. како што ни откри дедо Бајрам, младенците ќе прават свадба и во Турција на Бекуш и Босфор, каде заедништвото ќе го прослават на брод заедно со 450 гости. Тоа им е подарок од дедото Амди Бајрам.
Foto Vecer