Америка била загрижена поради информациите за руско воено присуство во Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери синоќа во телефонски разговор со својот руски колега Сергеј Лавров изрази загриженост на САД поради информациите за зголемено воено присуство на Русија во Сирија, соопшти американскиот Стејт департмент.john-kerry-sergey-lavrov-2

– Државниот секретар јасно стави до знаење дека, доколку тие информации се покажат за точни, таквите акции може да доведат до дополнителна ескалација на конфликтот, губење на невини животи, зголемување на бегалскиот бран и ризик од конфронтација со коалицијата противници на ИД кои оперирааат во Сирија, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Кери и Лавров изразиле согласност разговорите за конфликтот во Сирија да продолжат во Њујрок подоцна овој месец, се наведува во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1