Како до работа во Австрија – Потребно е да ги направите овие чекори


Австрискиот сервис за вработување објави дека на државата и се потребни 29 000 работници. Најголем број на вработувања се бараат во областа на угостителството и тоа келнери, кувари, помошници во кујна и чистачи. Минималната плата е повисока и од платата на еден програмер во Македонија.

За да најдете работа треба да направите неколку чекори.viena-300x232

Прво, неопходно е да најдете работодавач во Австрија. Тоа можете да го направите на интернет, на австриски сајтови за вработување или пак преку лични контакти. За полесно да најдете работа, фокусирајте се на оние работни места за кои има дефицит на работна рака. Во моментов, во Австрија најбарани се келнери, кувари, помошници во кујна и чистачи.

Минималната плата во угостителството е 1 400 евра месечно.

Второ, морате да имате работна дозвола, односно црвена-бела-црвена карта.

Откако ќе најдете работодавач, треба да аплицирате во амбасада. Дозволата се добива врз основа на неколку критериуми, а еден од критериумите е и потребата на државата за работна сила од дејноста за која аплицирате.

Познавањето германски јазик не е неопходен за да добиете дозвола, но сепак е голем плус.

Оваа дозвола трае 12 месеци. А откако ќе ја добиете, може да се пакувате!

Предупредување:

Од австриската амбасада предупредуваат дека многу лица наседнале на лажни посредници кои им ветуваат дека ќе им дадат работна дозвола.

Пишуваат на огласи дека даваат работна дозвола и потоа бараат да уплатите ,,такса за виза” на физичко лице или фирма.

Од амбасадата велат дека таквата такса не постои и дозволата се добива само од нив.

Denesen.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1