Америка чека удар на ураганот: Евакуирани 1,5 милиони луѓе


Гувернерите на Јужна Каролина и Вирџинија наредија задолжителна евакуација на населението поради ураганот Флоренс, кој му се доближува на источниот брег на Соединетите Американски Држави.

Гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер нареди евакуацијата да почне денеска на пладне по локално време. Одлуката се однесува на сите осум окрузи долж брегот на Атлантикот, вклучувајќи го и најголемиот град во државата, Чарлстон.

Мекмастер проценува дека околу еден милион луѓе ќе ги напуштат своите домови.

Гувернерот на Вирџинија Ралф Нортам нареди почеток на евакуација во осум часот, за делови на оваа американска држава во ниската крајбрежна област, каде што живеат 245.000 жители.

Тој го повика населението да се подготви за ураганот кој ќе погоди цело подрачје на Вирџинија.

Градоначалникот на Ричмонд, главниот град на американската сојузна држава Вирџинија, прогласи вонредна состојба поради ураганот Флоренс, а истото го направи и гувернерот на Мериленд Лари Хоган.

Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер вели дека „окото“ на ураганот ќе помине преку територијата на таа држава и го повика населението да се подготви за високи бранови, силни ветрови и поплави.

Службите за вонредни состојби во Северна Каролина ја разгледуваат можноста да препорачаат евакуација на населението кое живее на територии околу неколку реки кои се излеваа при претходни бури.

Директорот на Националниот центар за урагани Кен Греам предупреди дека ураганот Флоренс ќе ја намали брзината на движење кога ќе стигне до брегот, поради што обилни дождови ќе има не само на крајбрежните територии, туку и во внатрешноста.

Ураганот продолжува да добива на сила додека се доближува до источниот брег на САД.

Националниот центар за урагани соопшти дека ураганот наскоро ќе биде блиску до категорија пет, а потоа ќе има потенцијал да предизвика катастрофални последици.

Максималната брзина на ветерот моментално достигнува 220 километри на час

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1