Исламска држава во Ирак употребува американски пушки М-16, јавува американската телевизиска мрежа Ен-би-си. Ирачаните се без коментар. До јуни годинава, исламистите што под своја контрола држат големи делови од Ирак и Сирија, грабнале 2.300 теренски возила „хамер“.
Појавувањето на пушките М-16 го обелоденила компанијата Флешпоинт, која е и советник за прашања од безбедноста на американската телевизиска мрежа.
„Важно е да се истакне дека припадниците на Исламска држава ретко користат американско оружје, како и дека во нивните раце може да се види само во Ирак“, истакнале експертите на Флешпоинт, објаснувајќи дека автоматските пушки М-16 најверојатно „ги оставиле американските сили или се одземени од ирачките војници“.
Ирачката војска не дала одговор на ова прашање, но претходно соопштила дека џихадистите на ИСИС до јуни грабнале дури 2.300 „хамери“ што се дел од американската воена помош на оваа држава.
На интернет повторно кружи фотографија за која многумина сметаат дека е доказ дека Америка ја создала ИД – Исламска држава.
Станува збор за фотографијата на Џон Мекејн за време на неговата посета на Сирија во 2013-тата, за која теоретичарите тврдат дека на фотографијата е Абу Бакр ал Багдади, а Мекејн ги демантираше таквите наводи.
Џон Мекејн, американскиот политичар и претседател на Комитетот за вооружување на Сенатот на САД во 2013-тата година ја посети северна Сирија, каде се сретна со наводните борци против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
На една од фотографииите снимени во таа прилика зад него се гледа непознат маж, за кого политичките противници на Мекејн тврдеа дека е лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади.
Тоа тврдење сега го преземаа теоретичарите на заверите низ светот, кои повторно ја објавуваат спорната фотографија на социјалните мрежи како доказ дека Америка ја создала ИД.
Колегите потврдија: Мекејн навистина имал средба со терористите
Дури и колегата републиканец на Мекејн, Ренд Пол тврдел дека сенаторот се фотографирал со терористите.
Точно е дека тој имал состанок со припадниците на ИД, но тогаш не знаел кои се тие. Ако не говорите арапски тешко е да разграничите кои се побуненици против режимот на Асад, а кои се припадници на ИД, гласеше објаснувањето на Пол.
Мекејн тогаш ги демантираше сите тврдења, тврдејќи дека мажот на фотографијата „само наликува на Багдади“.