Преку глава ви е од жешко – Еве кога ќе разлади времето


На почетокот на овој месец на повидок е пад на температурите и посвежо време.

Според Метеопро, недела е денот кој ќе ја донесе пресвртницата во метеоролошките услови.
Во вториот ден од викендот се очекува нов продор на постуден воздух од север, кој со себе ќе донесе и краткотраен бран на врнежи кои ќе бидат претежно локални и релативно краткотрајни. Засега овие врнежи ги очекуваме повеќе во северната половина од земјата.vreme toplo
Од понеделник повторно се очекува период на претежно сончево време.
Температурниот максимум во недела сѐ уште ќе има вредност над 35°С во јужниот повардарски регион, но во периодот од понеделник, максималната температура ќе биде под 30°С и во овој најтопол крај во земјава.
Се до недела ќе се задржи топлото, слободно може да се каже и жешко септемвриско време.
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1