45 – годишниот Тим Фрид од Милвоки, САД, тврди дека е имун на отров од змија, а тоа го докажал откако дозволил да го касне смртоносната црна мамба. Тој вели дека имунитетот го градел со години и дека досега го имаат каснато околу 100 змии. Не му претставуваат проблем ниту гризнувањата од кобри и други смртоносни змии
Сепак, поради вбризгување на отрови од змии тој има и нус појави како силни алергиски реакции кои предизвикуваат големи отоци и тешко дишење.
Фрид се надева дека ќе помогне во развивање на вакцина која би помогнала да се спасат 125 илјади луѓе кои секоја година умираат од последиците по каснување од змии.