zmija imunПостепеното навикнување на змискиот отров го развил така што си вбризгувалл разреден отров кој сега му овозможува да преживее гризнување од црна мамба, чијшто отров инаку убива за околу 20 минути. На Фрид неколку моменти после каснувањето му се појавил голем оток, но само толку – немал други проблеми.

Сепак, поради вбризгување на отрови од змии тој има и нус појави како силни алергиски реакции кои предизвикуваат големи отоци и тешко дишење.

Фрид се надева дека ќе помогне во развивање на вакцина која би помогнала да се спасат 125 илјади луѓе кои секоја година умираат од последиците по каснување од змии.