Осумдесет луѓе биле во директен или индиректен контакт со пациентот од Тексас кој е болен од ебола и кој се наоѓа во тешка состојба, соопштија денеска американски здравствени претставници.
Меѓу 12 и 18 лица потенцијално биле изложени на вирусот преку заразениот Томас Ерик Данкан, кај кого првите симптоми биле забележани неколку дена по неговото враќање во американската сојузна држава Тексас од Либерија.
На четворица членови од семејството на Данкан им е наредено да останат дома и да не примаат посетители до 19 октомври поради периодот на инкубација на болеста. се следи здравствената состојба на пет деца кои биле во контакт со мажот кај кого беше детектиран опасниот вирус ебола. Децата немаат никакви симптоми засега и шансите да им е пренесен вирусот се многу мали, вели надзорникот на училишната област во Далас Мајк Мајлс.
Децата не се во карантин во болница, туку нивната состојба се следи додека се изолирани во домашни услови. Пациентот кај кого беше откриен вирусот на ебола во Далас, се верува дека се заразил во Либерија, пред да пристигне во САД, пред околу две недели.