Хемичарката Злата трета жртва на експлозијата во Сопиште


Три месеци по експлозијата во фабриката за експлозив „Ицемак“ во скопското село Сопиште, с` уште нема кривична одговорност против двајцата сопственици на фабриката, иако на почетокот од август на Kлиниката за реанимација почина и Злата С. (51). Досега од добиените тешки изгореници починаа тројца вработени, пишува Дневник.

Од МВР информираат дека минатата недела до Основното јавно обвинителство испратиле посебен извештај во врска со несреќата во која има тројца загинати.

fabrika sopiste– МВР минатата недела поднесе посебен извештај до Јавното обвинителство во врска со несреќата. Станува збор за несреќа во која има тројца загинати, но Обвинителството треба да процени дали против сопствениците на фабриката ќе бидат поднесени кривични пријави – велат од МВР.

Од Јавното обвинителство, пак, велат дека извештајот с` уште не стасал до нив.

– Јавното обвинителство очекува да пристигне извештајот од МВР во врска со случајот со експлозијата во фабриката во Сопиште. По добивање на извештајот, надлежното Основното јавно обвинителство – Скопје ќе продолжи со предистражните дејства со цел да се утврдат сите релевантни факти и докази во предметот, како и да се утврди дали има или не кривична одговорност по што ќе биде донесена и обвинителска одлука – велат од Јавното обвинителство.

Трагичната несреќа се случи на 24 јули попладнето кога Далибор K. (28) и неговите колеги Живко А.(59) и Злата биле на работа во фабриката за пиротехника „Ицемак“. Хемичарката и браварите во погонот со површина од 20 до 30 квадратни метри работеле на калапење гази. Во еден момент дошло до искрење на некоја од газите, по што настанале експлозија и пожар. Тројцата беа тешко повредени.

Највозрасниот од нив, Живко, почина три дена по експлозијата. Неколку дена потоа на повредите им подлегна и најмладиот повреден Далибор од скопската населба Припор, кој бил чирак во фабриката. Хемичарката Злата починала на 6 август на Kлиниката за реанимација.

Причина за експлозијата не била ниту инсталацијата во фабриката ниту опремата, туку искрење на запалка што ја внел некој од вработените, а не смеел да го внесе. Искрите од предметот ги запалиле ватите на кои имало барут. Тие почнале да горат и да пуштаат чад, но и да развиваат огромна температура поради што не дошло до појава на пожар, туку до експлозија.

Две недели по несреќата Државниот инспекторат за труд поднесе кривична пријава за фабриката „Ицемак“ од Сопиште.

По проверката на целокупната документација на вработените во фабриката, инспекторите утврдиле дека фабриката не презела заштитни и безбедносни мерки за вработените, кои немале завршено никаква обука за безбедност при работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1