Американската амбасада во Скопје организира презентации за трговијата со луѓе во 15 градови низ Македонија.
Презентациите ќе траат до 13 април, а целта е да се подигне свеста кај луѓето за оваа појава. Шест од презентациите ќе бидат бесплатни и отворени за јавноста. Бесплатните презентации почнуваат од утре на Факултетот за економија во Прилеп, а продолжуваат во Домот на културата во Битола, општините во Струга, Гостивар и Тетово, а завршуваат на 13 април во Американското катче во Скопје.
Оваа активност на Американската амбасада следи како резултат на објавата на претседателот на САД Барак Обама со која повика да ја признаеме нашата витална улога преку која можеме да ставиме крај на сите форми на ропство.