Американската амбасада организира презентации за трговија со луѓе


Американската амбасада во Скопје организира презентации за трговијата со луѓе во 15 градови низ Македонија.organ-trafficking

Презентациите ќе траат до 13 април, а целта е да се подигне свеста кај луѓето за оваа појава. Шест од презентациите ќе бидат бесплатни и отворени за јавноста. Бесплатните презентации почнуваат од утре на Факултетот за економија во Прилеп, а продолжуваат во Домот на културата во Битола, општините во Струга, Гостивар и Тетово, а завршуваат на 13 април во Американското катче во Скопје.

Оваа активност на Американската амбасада следи како резултат на објавата на претседателот на САД Барак Обама со која повика да ја признаеме нашата витална улога преку која можеме да ставиме крај на сите форми на ропство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1