Плаецот и показалецот се ампутирани од левата рака на вардаровиот навивач Горан Николовски – Турчин.
Како што дознава Press24 од извори на скопските Клиники, лекарите успеале да му ја спасат дланката а се борат за уште еден негов прст. Извршени се хирушки интервенции и според информациите од блиските на Горан, тој е во добра општа состојба.
Тој заработи повреда на вчерашниот меч меѓу Пелистер и Вардар во Битола, кога при интервенција на полицијата, експлодираше шок бомба. Покрај него, повредени се уште 11 навивачи од кои двајца имале потешки повреди. Сите се во добра општа состојба.