Србија во страв од ебола – ги засилува контролите на аеродромите!


Србија поради еболата ги зголеми контролите на аеродромот Никола Тесла во Белград, а наскоро се очекува засилен надзор и на аеродромот во Ниш.

virus-ebolaПоради појава на Ебола во светот, најголем во последните 40 години, на Белградскиот аеродром “Никола Тесла” од денеска ќе биде зголемено присуство на граничната санитарна инспекција, и ќе се превземат сите други неопходни мерки за да се спречи појавата на болеста, рече министерот за здравство Златибор Лончар.

 Засилениот надзор значи дека на аеродромите ќе има повеќе санитарни инспектори. Покрај тоа ќе се делат и едукативни летоци.

Белградскиот аеродром е “најранливиот за транзит од места погодени од епидемијата”, изјави тој најавувајќи дека инспекторите ќе  се дуплираат .

Зголемениот надзор го вклучуваат и аеродромот во Ниш, каде што се најавени чартер летови.

Според последните информации, во западна Африка од ебола починале повеќе од 730 луѓе.  симптомите на Ебола “треска, повраќање, дијареа, болки во грлото”, и  инспекторите на аеродромот имаат насоки доколку има патник кој е осомничен дека е инфицирани мора да се стави во карантин веднаш.

“Ако добиеме сигнал за авион осомничен дека има заразени патници, изготвен е и дополнителен простор каде што сите пантници одат директно од пистата, која е во постојана комуникација со службите за итни случаи, болници, институти за јавно здравје”, објаснува Лончар и додава дека ” со тоа започнува со спроведување на постапките утврдени од страна на Светската здравствена организација.”

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1