Неколку дена пред венчавката, Ана Ивановиќ (28) и Бастијан Швајнштајгер (31) потпишале предбрачен договор, според кој секој го задржува она што го има стекнато пред бракот. На тој начин, српската тенисерка заштитила десетина милиони евра во случај на развод! Секако, се обезбедил и Бастијан, но, германскиот фудбалер поголемиот дел од заработката во кариерата го вложил во недвижности, па Ана има подебело салдо во банка.
– Сè е разработено до детали на повеќе од десетина страни договор! Секое евро, којшто некој од нив го заработил во кариерата, е осигурано. Не постои страв дека еден на друг ќе си земат големи пари ако дојде до развод. Ана има доживотен договор со „Адидас“, според кој ќе заработи повеќе од 100 милиони евра, а и тоа го осигурала со предбрачниот договор. Од друга страна, Бастијан има договор со истата компанија, но на далеку помал износ и на орочен рок на траење – рекол пријател на двојката и додал дека во договорот има и член за неверство, според кој обвинетиот на оштетената страна ќе ѝ исплати одредена сума, но тој износ се држи во тајност.
Германецот во Баерн заработувал пет милиони евра по сезона, додека во Манчестер Јунајтед добил двојно повеќе пари. Бастијан во текот на кариерата многу пари вложил во недвижности, па поседува велелепна куќа во Минхен, како и во Манчестер, но и многу станови во Германија. Ана, пак, не се трошела многу, па купила куќа на Мајорка, Шпанија и стан на Нов Белград. Сите недвижности на Бастијан и понатаму се негов имот, а сè што од 12 јули ќе заработат, според договорот, оди во заедничка каса и, ако се разведат, се дели на половина.
Тенисерката и фудбалерот пред неколку дена застанаа пред олтарот. Двојката се венча во Венеција.