Куче унаказило дете додека правело селфи со него (ФОТО)


На морничавата фотографија е забележан самиот момент кога разјареното куче го напаѓа 11-годишното момче. Страшните сцени се забележани со камерата на мобилниот телефон на детето кое снимало селфи со кучето.

Момчето, кој од правни причини не е именувано, добилo по нападот 21 конец во болницата со кои му биле санирани раните од нападот на домашниот миленик во семејната куќа во Есекс, Англија.kuce dete

Момчето се обидело да се фотографира со кучето Дигби, а потоа фотографијата планирало да ја постави на социјалната мрежа Снепчет, кога кучето одеднаш се свртело кон него и му ги зарило забите во левиот образ.

Минатата недела, сопственикот на кучето Стјуарт Харис (45) е прогласен за виновен, затоа што надвор од контрола држел опасно куче.

Кучето, инаку, мешавина на хаски, германски овчар и булмастиф, нападнало уште едно дете пред да биде издадена наредба да биде успиено.36442EB500000578-3690011-Scarred_The_11_year_old_was_rushed_to_hospital_and_needed_21_sti-m-51_1468502392093

По таа одлука, се појавила петиција којашто ја потпишале 1.400 луѓе, а кои тврдат дека кучето било испровоцирано и дека во спротивно не би нападнало деца.

Тој факт, велат родителите на детето, ова искуство го направило уште поболно за нивниот син.

– Сега повторно го преживуваме истиот кошмар. Работата да биде уште полоша, таквите коментари ги даваат луѓе кои не го слушнале судскиот извештај… Кучето се спријатели со нашиот син, и беше во нашата куќа многупати. Не е точно дека нашиот син му го вперил телефонот во лице и дека тоа го испровоцирало – се бранат родителите.3644(1)

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1