Будванската полиција го уапси Костадин Терзиќ(24), бидејќи синоќа, враќајќи се од ноќна забава претепал чувар на градилиштето на една зграда во центарот на Будва.
Синот на генералниот директор на „Црвена Ѕвезда“ Звездан Терзиќ,околу 4 часот наутро, откако со својата долгогодишна девојка Анастасија Ражнатовиќ и со уште неколку другари излегол од дискотека, почнал да лупа по металната ограда на градилиштето.
Излегол ноќниот чувар и ги замолил да престанат, но тие почнале да го навредуваат, а Терзиќ неколкупати и го удрил.
Малтретирањето престанало кога дошла полицијата, која го привела Терзиќ.
Тој е задржан во полицијата и е обвинет за насилничко однесување. Со кауција од 6.000 евра пуштен е да се брани до слобода.