Анастасија е во врска со насилник: Уапсен зетот на Цеца, претепал чувар


Будванската полиција го уапси Костадин Терзиќ(24), бидејќи синоќа, враќајќи се од ноќна забава претепал чувар на градилиштето на една зграда во центарот на Будва.terzik-uapsen1

Синот на генералниот директор на „Црвена Ѕвезда“ Звездан Терзиќ,околу 4 часот наутро, откако со својата долгогодишна девојка Анастасија Ражнатовиќ и со уште неколку другари излегол од дискотека, почнал да лупа по металната ограда на градилиштето.

Излегол ноќниот чувар и ги замолил да престанат, но тие почнале да го навредуваат, а Терзиќ неколкупати и го удрил.terzik-uapsen2

Малтретирањето престанало кога дошла полицијата, која го привела Терзиќ.

Тој е задржан во полицијата и е обвинет за насилничко однесување. Со кауција од 6.000 евра пуштен е да се брани до слобода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1