Анџелина Џоли посвоила едно од своите деца со фалсификувани документи


Американската актерка Анџелина Џоли посвоила едно од своите деца – Медокс од Камбоџа со фалсификувани документи.

Таа го презеде старателството над детето од Моунх Сара во 2003 година, кој се покажало дека не е вистинскиот татко на момчето, но потпишал документи во кои неговото име фигурира како такво.joli-4-640x320

Зделката ја откри директор на добротворна организација, кој го потпомогнал фалсификувањето за олеснување на процесот. Во моментов нема податоци дека Џоли знаела за тоа. Посвојувањето е спроведено од службеничка на име Лори Галиндо, која е обвинета од властите за бројни прекршувања на законот за фалсификување на личните податоци на деца, кои имаат добивано американски семејства.

Неодамна се одржа премиерата на филмот за историјата на Камбоџа, чиј режисер е Анџелина Џоли. Лентата е наречена “Прво тие го убија татко ми” и е формирана по спомени на познатиот Камбоџански заштитник на човековите права Лунг Анга за злосторствата на “Црвените Кмери”, кои владееле во втората половина на 70-тите години. Тие се следбеници на комунистичката партија на Кампучија кои убиваат меѓу 800 000 и 1,5 милиони луѓе од вкупно 7,5 милиони луѓе население за време на владеењето помеѓу 1975 и 1979 година.

Ова е втора продукција на Џоли, која погодува трагичен дел од историјата на светот, откако во 2011 година таа продуцираше филм за босанскиот конфликт со целосно локални учесници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1