Анџелина Џоли забрзано губи килограми, има бледо жолтеникаво лице, нема сила, има чести несвестици и дехидрира – сето ова според најновото издание на Нешнел енкваерер се докази дека таа се бори со хепатитис Ц.
Според лекарите кои ги консултирале сите овие симптоми укажувале дека Џоли има веќе сериозни оштетувања на црниот дроб и доколку навистина има хепатит ц потребна и е веќе трансплантација на црниот дроб, тврди весникот.
Според медиумите во Америка оваа информација не е чудо да е вистина со оглед на лудиот живот на актерката пред да го сретне Бред Пит. Беше до гуша во алкохол и дрога. Користеше и хероин.
Според енквајер Џоли е исцрпена, а пријателите се плашат дека таа тивко умира, а не сака да го послуша ниту Бред Пит да внимава на своето здравје.
Енџи тежи 40 килограми, доживеа неколку дехидрации и премаленост. Според весникот токму тоа и пречело во плановите за ново дете, а и свадбата била откажана поради тоа. Енџи сака на свадбата да изгледа како порано, одложена е додека не се поврати на стариот изглед – тврдат пријатели на парот.
Според тврдењата на луѓе блиски на парот информацијата за смртоносната болест не се вистина. Енџи има многу работа во последно време, филмови, хуманитарна работа, гостувања. Заборава да јаде и да пие доволно течности. Се случува денот да го мине со еден грст лешници, бадеми или пак само со овошје,, велат блиски на актерката.