Андов до Фрчкоски: Па се тужи ли „одлепен” човек?


Основниот cyд Скопје-2 во текот на вчерашниот ден донесе решение за привремена мерка со кое забрани продажба и располагање на книгата на Стојан Андов со наслов “До атентатот и по него” во која тој имплицира вмешаност во aтeнтaтот на Глигоров на Фрчкоски, поради повреда на личните права на тyжителот Љубомир Фрчкоски.

Професорот Фрчкоски вчера во дебатниот магазин на ТВ21, изјави дека ќе го тужи поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов и даде коментар дека одлепил.

– Тешко се одлучив, ја контекстира целата таа група помлади политичари, но јас сум најистурен од таа група, веројатно како министер за внатрешни работи. Без никакви докази, со инсуации. Ние сме всушност луѓе кои Глигоров ги внесе во политиката, мене, Денко, Јане Миљовски. Ми беше многу непријатно. Независно што тој е стар господин и можеби oдлепил комплетно со меморијата или има други амбиции, изјави вчера Фрчкоски.

За Дојче Веле денеска Стојан Андов истакна дека Фрчкоски си умислува дека тој го претставил како убиец.

– „Нема врска. Си умислува. Фрчкоски е претставен токму таков каков што бил – неуспешен министер за внатрешни работи, кој не спречи да се случи атентат врз претседателот Глигоров, кој не ја заврши истрагата и за тоа требаше да поносе одговорност. Вистинска истрага всушност и немаше, а 23 дена никаде го немаше и Фрчкоски. Тој се криеше. И сега изјавува дека јас сум ‘одлепил’. Па, се тужи ли ‘одлепен’ човек?“, вели андов за Дојче Веле.

Инаку, реакција за книгата вчера во гостувањето во ТВ21 даде и обвинителката Рускоска според која забраната е задоцнета и Фрчкоски има потполно право.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1