Ангела Меркел се онесвестила и паднала од столот среде опера


Германската канцеларка Ангела Меркел доживела незгода во паузата на изведувањето на операта на Вагнер „Тристан и Изолда“, на фестивалот које е посветен на овој композитор.

Како што пренесува „Дојче веле“, во се уште неразјаснети околности Меркел завршила на подот на ресторанот.angela-merkel

Германскиот таблоид „Билд“ прво објавил дека канцеларката се онесвестила, но нејзините соработници тоа тврдење набрзо го демантирале. Тие, меѓутоа, не дале никакво објаснување зошто нивната шефица паднала.

Сепак, според непотврдени информации, а на кои се повикува и агенцијата АФП, изгледа дека се распаднал столот на кој Меркел се обидела да седне или веќе седнала на него. Канцеларката паднала на подот и завршила под масата, но брзо се поткренала, а персоналот после кратка конфузност донел нов стол.

Засега нема инфомации дали Меркел, која магазинот „Форбс“ повторно ја прогласи за најмоќна жена на светот, претрпела евентуални повреди.

Таа по незгодата се вратила во театарот и ги одгледала преостанатите два чина на операта, која ја режирала внуката на Вагнер, Катарина.

По завршување на операта, која траела пет часа, канцеларката при заминувањето на новинарите само кратко им изјавила дека претставата и се допаднала, а за својата незгода не рекла ниту збор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1