Озлогласената источногерманска служба Штази во текот на 80-тите години неуспешно се обидела да ја регрутира за свој агент.
Десет пати угледниот “Forbes” ја одбрал Ангела Меркел, германската канцеларка, за најмоќна жена на светот. Медиумите одамна и го дале прекарот “железната фрау”, додека Германците едноставно ја нарекуваат “мути”, што значи мама.
Ангела Доротеа Меркел, како што и е целото име, е родена на 17. јули 1954. година во Хамбург. Има три години помлад брат Маркус и десет години помлада сестра Ирене.
Татко свештеник
Таткото Хорст бил лутерански свештеник, а мајка и Херлинд наставничка по англиски, италијански и латински јазик. Кога имала само неколку недели, нејзиното семејство се преселило во Источна Германија. Ангела сакала да биде професорка по руски јазик кога била мала. Во училиште одлично и оделе природните науки. Во текот на студиите во Лајпциг од 1973. до 1978. година, заработува џепарлак работејќи како келнерка во дискотека.
Зад себе има два брака. Првиот се случил во 1977. година со колегата од факултет, Улрих Меркел. Докторирала во Источен Берлин, додека нејзиниот сопруг се обидувал нивниот стан да го оспособи за живот. Се развеле во 1982. година, но и после тоа го задржала неговото презиме.
Сака да планинари
Озлогласената источногерманска тајна служба Штази безуспешно се обидела да ја ангажира како агент. По долгогодишна вонбрачна врска, на 30. декември се венча за својот поранешен професор Хоаким Зауер. Тој по професија е квантен физичар, пет години е постар од Ангела и има два сина од првиот брак, Даниел и Адриан. Ретко се појавуваат заедно во јавност, а одморите ги минуваат планинарејќи во Италија и Шпанија.
Дали сте знаеле? Сака пиво и сака да готви
– Кога во ноември 1989. година бил урнат Берлинскиот ѕид, Ангела преминала во западниот дел, испила пиво и се вратила бидејќи следниот ден морала да оди на работа.
– Редовно го посетува “Октоберфест” и ужива во својот омилен пијалак.
– Има страв од кучиња откако била нападната од едно во 1995. година, а тоа го знае и Владимир Путин, кој го донел својот лабрадор на една нивна средба.
– Сака да готви за својот сопруг, неговите синови и внуци. За време на викендот редовно подготвува појадок.
– Спие до пет часа дневно, нејзин омилен филм е “Моја Африка” со Роберт Редфорд.