Претседателот на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов вечерва објави скандалозен статус во кој гордо вели дека тој сака заедно со УЧК да оди против власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Ангелов реплицирајќи му на новинарот Драган Павловиќ- Латас, вели дека тој е подготвен со УЧК и командантот Валтери од ветераните на УЧК да оди против власта и Латас. Притоа, тој го моли уредникот на Алсат-М, Мухамед Зекири да му организира и ТВ емисија со командантот Валтери.
-Овојпат нема да бидам против него! Овојпат со него ќе бидам против тебе! Против тебе и овој гнасен и криминален режим!, пишува Ангелов.
Оваа фејсбук изјава на Ангелов наидува на огромен револт на социјалните мрежи.