Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев на прес-конференцијата во Владата изрази жалење дека бил погрешно разбран на брифингот со новинарите со фломастерот.
– На брифингот во Владата на РМ додека објаснував за деталите на процесот за радвижување на инвестициите во РМ, на завршувањето на настанот, од висина го испуштив фломастерот на најблиската маса и жалам доколку некој тоа го сфатил на подруг начин. Ниту имав идеја тоа така да го сфатат, ниту пак така постапив, рече Анѓушев.