Анкетна комисија за прислушувањето во Собранието, по враќање на опозицијата


Собранието на Република Македонија ќе формира Анкетна комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушуваните разговори. Ова е заклучено на денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.sobranie vnatre3

Како што соопшти кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, Анкетната комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во Парламентот, што впрочем претставува клучна порака од маѓународната заедница.

Со Анкетната комисија ќе претседава пратеник од опозицијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1