Тозовац се жени – за првпат пред олтар во 80-тата година!


Легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац решил да застане на лудиот камен! Тој својата вонбрачна заедница со две децении помладата Мими ќе ја официјализира и круниса со брак! Легендарниот првпат во животот решил да се ожени, и тоа во 80-тата година од животот, пишува српски „Ало!“.

Тозовац вели дека има намера да се жени, и дека свадбата ќе биде наесен.tozovac

– Мими е мојата вистинска љубов и мојот избор. Нашиот однос е повеќе од љубов. Љубовта би ја опишал како краткотрајна болест. Ние сме дури сега во најубавата фаза, бидејќи станавме пријатели кои не можат еден без друг – рекол прочуениот пејач.

Тозовац тврди дека во својата избраничка се вљубил на прв поглед и дека таа љубов едноставно се случила.

– Се сретнавме случајно и така почна. Нејзе и ја напишав песната Мима, која ја објавив во книгата. Нејзиното вистинско име е Емилија, а кум и бил поетот Слободан Марковиќ, кој го сакал Лорка – објаснил Тозовац за српски „Курир“.

Познатиот пејач во свој стил ја прокоментирал разликата во годините помеѓу него и неговата избраничка.

– Јас сум стар, но таа има 60 години. Не се давам. Во хороскоп сум Водолија. Ние никогаш не старееме и со духот умираме како децата – додал Тозовац.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1